ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Метеж пред одделот на МВР каде што се издаваат патни и лични документи

Гужва во одделот на МВР каде се издаваат, пасоши, лични карти, возачки дозволи, но и државјанства. Граѓаните и на пеколни температури доѓаат на шалтерите за да ги обноват документите кои им истекле и не ги обвновиле поради короната и одлуката важноста на дел од исправите да се продолжи. Дел од граѓаните се пожалија дека никако не можат да закажат термин за вадење пасош.

„Не аплициравме зашто ѕвоневме две недели на нивниот телефон и никој не ни се јавуваше. Сега дојдов, прашав на кој начин може да извадам пасош по итна постапка, само телефонски ми рекоа. Сега најверојатно пак ќе ѕвонам уште две недели, здравје боже може ќе ги добијам. П: Сега кога дојдовте што ви рекоа? О: Подигнаа раменици како и обично кај нас по шалтери. Сега одиме дома и пак ќе вртиме“

Другиот дел од граѓаните кои ги анкетиравме, рекоа дека немале проблем со закажување на термин, но долго време чекале од кога се сликале за да си ги подигнат пасошите.

„Многу се чека во однос на подигање. Еве да се качите горе да видите каква гужва е. Во процедура е пасошот. Се сликав пред десет дена, еве сега ми викаат ќе биде за една недела“

„Јас имав технички проблем. Па еве не можеа отисок од прст да ми земат. Јас со прстиве демек имам проблем, два саати од еден на друг компјутер, ама љубезни беа“

„Јас за државјанство бев. Веднаш ми завршија работа. Инаку на интернет пишува пет работни дена. Организирани се за десетина минути се завршува работа“

Сепак, поголемите гужви се созададоа во делот каде граѓаните треба да ги подигнат готовите исправи. Кон крајот на јуни, голем број на граѓани се жалеа дека никако не можат да извдадат пасоши и лични карти. Огромни редици се создаваа пред шалтерите на МВР. Тогаш министерството се правдаше дека застојот е поради миграција на податоци во нов награден систем и усогласувањето на новите документи со новото уставно име.

Bojan Stojanovski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button