ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Милошоски: Ковачевски да го објави предлогот

После онаа легендарна лага од 2018 година во која што учествуваше Бујар Османи дека сме добиле датум за преговори кои што го гледаме дека го немаме, вчера се случи уште една голема лага со која што Димитар Ковачевски се обидува да го покрие дебаклот на македонската дипломатија, реагира денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Во неговата реакција меѓу другото се додава:

„Премиерот Ковачевски се обиде да ги изманипулира новинарите, јавноста и политичките партии дека неговото “НЕ“ во Брисел предизвикало суштинско видоизменување на францускиот предлог за преговарачка рамка за да многу брзо потоа биде демантиран од министерската за надворешни работи на соседна Бугарија, а  денеска е демантиран и од француската амбасадорка во Софија која што е акредитирана од Макрон да биде претставник и гласноговорник на француската политика како амбасадорка“, вели Милошоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button