КОШАРКА

Милвоки Бакс е новиот шампион во НБА

Екипата на Милвоки Бакс е новиот шампион во НБА откако во 6-от натпревар во големото финале, го совлада Феникс Санс со 105-98. Јанис Адетокумбо беше херојот на „Бакси“ со 50 поени, 14 скока и 5 блокади и беше и избран за играч на натпреварот и „MVP“ на финалето. Кај Феникс Санс, се истакнаа Крис Пол со 26 поени и Девин Букер со 19 поени. Инаку, ова е трето загубено финале на Феникс Санс, додека за Милвоки е прв триумф по 50 години а последната титула датира од 1971 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button