ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Министерот за финансии Фатмир Бесими не знае за набавката на Владата со риба, октопод и морски плодови од над 20.000 евра

Министерот за финансии Фатмир Бесими не знае за набавката на Владата со риба, октопод и морски плодови од над 20.000 евра

Првиот човек на финансии Фатмир Бесими нема информации за набавките на риба, октопод и морски плодови од страна на Владата

– Рековте треба да се навикнеме да живееме во криза, но како кога Владата објавува тендери за набавка на морска храна, октопод, риба и слично. Дали е ова трошок за непродуктивни работи во време на криза. Погледнете го Буџетот, секоја институција за стоки и услуги?

„Тоа што го прави секоја институција, е резултат на транспарентност, а сите нека зборуваат за што се работи, немам детали, сега слушам од вас, можете слободно да ги прашате надлежните институции“, рече Фатмир Бесими- министер за финансии.

Герман Филков од „Центарот за граѓанска комуникација“ вели дека институциите треба да бидат внимателни со трошењето на парите на граѓаните и добро да размислат дали во овие кризни услови навистина е потребно да го набават тоа што планирале.

Во три договори што Владата ги склучи со фирма од Скопје, вредни 20.500 евра, фирмата треба да ја снабдиВладата со свежа риба, октопод и морски плодови. Од Владата објаснија дека ќе платат онолку колку што ќе се потроши при посета на делегациите. Реагираа и опозициските партии во земјава./Alsat.mk

Мефаил Исмаили

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button