ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мирвете Лимани живее во Северна Македонија веќе 20 години, но сеуште нема државјанство

Мирвете Лимани живее во Северна Македонија веќе 20 години, но сеуште нема државјанство

Во Сопот сме кај Шабан Лимани. Поранешен војник во три војни на УЧК, осуден за случајот „Сопот“, прогласен за невин и обештетен. Но, неговата сопруга нема државјанство, а работите да бидат уште полоши, таа е на списокот на лица кои претставуваат опасност за државата.

Мирвете Лимани живее во Северна Македонија веќе 20 години, но не како граѓанин, бидејќи според безбедносните органи таа претставува опасност за државата. Запрашана дали некогаш ја загрозила државата, Лимани вели дека државата била опасна кон нејзе со тоа што го затворила и осудила нејзиниот невин сопруг.

“Тешко е да се живее без државјанство, со оглед на тоа колку години сум овде. Ми рекоа дека сум опасна за државата, не сум таква, не ми е гајле за државата. Имам работа, куќа и деца. Ги носев децата на лекар и ги враќав, бидејќи морав да платам бидејќи немав осигурување. Ги враќав дома така болни“ , рече Мирвете Лимани.

Нејзиниот сопруг вели дека најмалку три пати поднел барање за државјанство на Мирвете, но последните два пати добил негативни одговори. За третото барање нема одговор 6 месеци.
“Три пати поднесов барање за државјанство на жена ми, двапати ме одбија. Причината, како што сите знаат, е опасна за државата. Ние побаравме преку Народниот Правобранител, но тој ни кажа дека моментално предметото е во АНБ и таму е заглавен 5-6 месеци. Сега не ја знаеме причината зошто е блокирана“, рече Шабан Лимани .
Агенцијата за национална безбедност немаше одговор на барањата на телевизијата Алсат, за причините за одбивањето на државјанството на Лимани, која е единствен член од семејството без државјанство./Alsat.mk
Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button