ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓани: Услугите од јавните претпријатија се незадоволителни

Граѓани: Услугите од јавните претпријатија се незадоволителни

Препукувањата меѓу ВМРО ДПМНЕ и Арсовска, разрешувањата и оставките на директорите на јавните претпријатија на Град Скопје оставија хаос зад себе, велат граѓаните анкетирани на Алсат. Тие оценуваат дека овие случувања го отежнале добивањето услуги од овие институции.

Но, дел од граѓаните оценуваат дека услугата на јавните претпријатија и пред овие случувања не била задоволителна.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, нагласува дека времето ќе покаже дали по заминувањето на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, институциите ќе функционираат подобро или полошо. Таа ги уверува граѓаните дека Град Скопје, ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните.

Од СДСМ потенцираат дека Град Скопје, една година стои во место и се блокирани клучните проекти за граѓаните. Од таму посочуваат дека скопјани не се заинтересирани за судирите меѓу Мицкоски и Арсовска, бидејќи граѓаните очекуваат работа и реализација на проекти. Неодамна од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека се оградуваат од однесувањето на Арсовска и сите градоначалници од оваа партија целосно ќе ги бојкотираат настаните на Арсовска. Судирите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска следеа по разрешувањето на директорот на јавното претпријатие „Водовод и канализација“, а оставки од раководните позиции во јавните претпријатија во Градот поднесоа и други кадри на ВМРО-ДПМНЕ./Alsat.mk

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button