МЕТРОПОЛ

Мишелин ѕвезди во вселената: Најскапиот оброк во светот ќе чини речиси половина милион долари

Менито сè уште не е завршено, но треба да биде „егзотично“ и инспирирано од истражувањето на вселената во последните 60 години и од влијанието што го го остави врз нашето општество.

Во изминатите неколку години е забележан значителен напредок на вселенскиот туризам. Иако лансирањата се сè уште ретки, компаниите како Blue Origin и SpaceX покажаа дека е можно, доколку имате дополнителна готовина на вашата сметка и авантуристички дух, да имате уникатно искуство на летот во вселената.

Еден вселенски стартап сега оди чекор понапред и сака на љубителите на гастрономијата да им понуди сосема ново искуство – вечера со апсолутно најдобриот поглед на светот. И ние ќе додадеме – најскапиот оброк во светот.

Компанијата за луксузни вселенски патувања SpaceVIP во соработка со Space Perspective и познатиот дански готвач Расмус Мунк, чиј ресторан има две ѕвезди на Мишелин, на сите заинтересирани им нуди можност да вечераат во вселената. Тие нема да летаат до височините на кои се достигнува само со вселенски брод, туку ќе патуваат со балон. И покрај тоа што ќе бидат во балон, таканаречен SpaceBalloon, ќе бидат сместени во специјална капсула – SpaceShip Neptune. Има место за осум лица (еден од нив е капетан), а цената на оброкот во височините ќе биде 495 илјади долари (не е споменато дали во таа цена се вклучени и пијалоците).

Исто така, сите ќе носат луксузни скафандери Ogier. Капсулата ќе биде поврзана на интернет за да може целиот лет да се емитува во живо, односно на социјалните мрежи.

Максималната висина што може да ја достигне овој балон е нешто повеќе од 30 km, а брзината на искачување ќе биде околу 20 km/h, а балонот треба да помине шест часа во воздух.

Инаку, ресторанот на Рамсус Алхемист од Копенхаген е на петтото место на листата на 50 најдобри ресторани во светот.

Првите тестови на овој балон и капсула со човечки екипаж се закажани за втората половина од годината, а доколку сѐ помине без проблеми, се очекува првиот ваков оброк, далеку над облаците, да биде послужен веќе во 2025 година. После тоа, можеме да очекуваме нови летови, а основачот на SpaceVIP, Роман Чипорука, нагласи дека во иднина планираат нови експедиции во партнерство со познати уметници чија цел ќе биде да го искористат вселенското патување за подигање на човековата свест и промовирање на универзалната вселенска писменост.

Целиот профит ќе биде дониран на Фондацијата Space Prize, организација која промовира родова еднаквост во науката и технологијата.

Извор: Robb report

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button