ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски до Груевски: За Македонија не можат да се прават зделки под маса

Груевски повторно добива внимание на политичката сцена, по раздорот со актуелниот шеф на партијата Христијан Мицкоски. Откако вчера Груевски побара од неговиот наследник да каже на кој начин влијаел на поделбата на партијата и да покаже доказите кога тврди дека постигнал валкан договор со власта, Мицкоски денеска одговори на Фејсбук.

Вели дека не трпи пазарење за индивидуални придобивки, на сметка на интересите на државата.

„Ако сакате поделба, ова е ваша одлука, на која сум подготвен да се спротивставам, бидејќи не се работи за лична битка, туку за битка за Македонија, која се повеќе тоне во криминал… За Македонија не може да се прават зделки и зделки под маса. Нема да дозволам лични договори и аранжмани на сметка на колективниот интерес. Ова не е 2018 година, ова е друго време. Како што кажа, „вистината е како шило, порано или подоцна ќе излезе“, а вистината ја знаеме и јас и ти, но изгледа ја знаат и другите што ја кажуваат последните денови, многу отворено и гласно“, вели Мицкоски.

На ова реплицираше Груевски кој оцени дека писанието на Мицкоски е без никаков аргумент или доказ туку е од типот „рекла-казала“. Тој го овинува Мицкоски дека го прогласил за непријател без причина за да си создаде алиби за своите грешки.

„Мицкоски си ја исполни повеќегодишната желба да влезе во јавен конфликт и напади врз мене. Некој му кажал дека тоа ќе му е од корист. Си создава ново алиби за секоја идна намерна или ненамерна грешка и штетна одлука, алиби за идните изборни резултати, кои со овој памет нема да се очекуваните од сите нас. Заев го направи најголем пријател и сојузник, мене кој цел живот го бранам националните, државните и партиските интереси, и само добрини сум му направил во животот ме прогласи за непријател“, напиша Груевски.

Шефот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера во интервју за германскиот весник Франкфуртен Алгемајне Цајтунг изјави дека Груевски за валкан дил со власта за растурање на партијата и спроведување на уставните измени. Во замена, Груевски би бил награден со амнестија за делата за кои се гони. Груевски демантираше дека од некого побарал амнестија. Но, пред неколку дена претседателот Пендаровски рече дека некој од редовите на опозицијата се распрашувал за евентуалното помилување на Груевски.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button