ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Од денеска „гарантирани цени“ за 50 прехранбени производи

Со стапувањето во сила на одлуката за замрзнување на цените, најголемите синџири на маркети во земјава поставија ознаки „гарантирани цени“. Во некои од нив низ главниот град, на кои ТВ Алсат изврши увид, забележавме дека недостига свежо црвено месо, од набавката на стоки од списокот со 50 прехранбени производи. Раководителите на маркетите ни рекоа дека самите месарници не ги снабдиле со месо. Сепак, граѓаните велат дека намалувањето од 10 отсто на овие производи воопшто не се забележува поради високите трошоци.

„Пензијата ми е 12 илјади денари, како да живееме со овие услови? Што е 10%! Заштедувам 10 денари од 100 денари“, реагира еден пензионер.

Одлуката е штетна за компаниите, сметаат од Стопанската комора на северозападна Македонија.

„Слободната пазарна економија е доведена во прашање со бројни интервенции во рок од 2 години од страна на Владата, со што се стимулира сивата економија, а целите на нашата земја се нејзино елиминирање, но и промовирање на слободната конкуренција. При донесувањето на ваквите одлуки потребно е привремено да се укинат даноците или царинските такси за да се избегне недостатокот на тие производи на пазарот, но и да се заштитат локалните производители. При намалувањето на цените на овие производи, квалитетот на производите е загрозен и од самите производители, кои ќе мора да работат со загуба“, велат од Стопанска комора на северозападна Македонија.

Од Министерството за економија велат дека на оваа одлука доброволно се приклучиле локалните производители и трговци на алкохолни и безалкохолни пијалоци.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button