ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: ДУИ преставува закана по мирот и безбедноста

Мицкоски: ДУИ преставува закана по мирот и безбедноста

Неодговорното однесување на ДУИ го загрозува меѓуетничкиот имиџ во државата. Ова го вели премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи го барањето принципот „победник со победник“ да влезе во правниот систем и територијална реорганизација по белгиски модел. Мицкоски рече дека овие барања се обид да се заштити криминалното богатство стекнато во текот на 20-те години на власт. Не ја исклучува можноста некои групи да бидат несвесно манипулирани и да го оспорат територијалниот интегритет и суверенитет

„Со ваквото неодговорно однесување ДУИ го загрозува меѓуетничкиот имиџ во државата и претставува закана за мирот и стабилноста на Македонија како држава. И ние како Влада ќе ги преземеме сите неопходни мерки за заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија како држава. Но, во суштина, овие пораки се обид грчевито да се брани богатството стекнато во последните 20 години на власт. Но, не ја исклучувам можноста одредени групи и структури, да бидат изманипулирани, несвесно. И сега тие групи и структури можат да го предизвикаат територијалниот интегритет и суверенитет, да создадат криза. Ние како Влада имаме задача тоа да го браниме и да се одбраниме“, рече Христијан Мицкоски, премиер.

Говорејќи за принципот победник до победник, Мицкоски рече дека демократијата не оди по овој принцип, бидејќи коалициските партнери од претходната власт беа делегитимирани на изборите и во име на парламентарната демократија поразените треба да одат во опозиција. .

„Не можете 7 години да бидете во влада со СДСМ и да велите – ова веќе не вреди и сега ќе одам со ВМРО-ДПМНЕ. Ова не е можно! Вие го избравте вашиот коалициски партнер и постапувавте врз основа на програмата. Тоа беше владина програма, таа влада е поразена, делегитимирана и тука завршува целиот процес. ДУИ со коалицијата и СДСМ заедно освоија помалку од 300 илјади гласови. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоија близу 450 илјади гласови, а заедно со ВЛЕН и ЗНАМ над 600 илјади“, додаде Христијан Мицкоски, премиер.

Запрашан дали се очекуваат протести за овие прашања, Мицкоски одговори дека такви информации има, но ако се мирни и демократски се легитимни./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button