Уметниците шокирани од молкот на директорот
Уметниците шокирани од молкот на директорот
Се чувствуваме шокирани. Не очекувавме такво нешто да се случи со Ансамблот за ора и песни на Албанците во Македонија. Вака Јетмир Реџепи, поранешниот солист на Ансамблот реагираше на непродолжувањето на договорите за вработување за 34 уметници. Тој за Алсат изјави дека проблемот со вработените во оваа институција можеше многу лесно да го реши претходната Влада.
„Можело порано минатата Влада, веќе во јануари, како и сите други институции, да најде решение и за оваа Институција за уметниците кои се таму речиси пет години. Пет години да не најдете решение за овие уметници, не знам, немам што да кажам. Срамота е, срамота е да оставите 34 уметници на улица. Бидејќи секој има своја мака, немам што да кажам, не знам што да кажам. Ние седиме дома, уметници, а уште посрамно е да учествувате со тројца уметници пред парламентот. Ова е уште посрамно. Ансамблот не го прават тројца уметници туку 50-90 уметници. По ова што се случи, чекаме институцијата да преземе мерки и со решенија да се вратиме на работните места а не да не избркаат. Чекавме да добиеме решенија за работа а не да излеземе од таму“, рече Јетмир Реџепи, поранешен солист.
Реџепи зборува и за притисокот што директорот на Ансамблот, Шкодран Толај, го вршел врз вработените викајќи по нив.
„Како личност, како Јетмир, навикнат сум на тие викања. Тоа ни стана секојдневие. Но, многу ми беше жал бидејќи јас можам да се соочам со тоа, но не секој може. Се подготвуваш да одиш на концерт, кога ќе видиш како некој плаче на страна. Ова не е нормално. Се подготвувате за концертот, ги подготвувааш чувствата за концертот, полн со енергија, а дотичниот доаѓа, вика, прави сцени. Не е ни прв ни последен пат“, додаде Јетмир Реџепи, поранешен солист.
По сета оваа ситуација создадена во Ансамбал, Реџепи има порака за директорот Шкодран Толај
„Јас лично да сум Јетмир, би дал оставка и би рекол продолжете. Болно е, столот не се пушта лесно, но оваа фотелја не го дал татко ти, туку народот“, нагласи Јетмир Реџепи, поранешен солист.
Алсат веќе пишуваше за неправилностите и злоупотребите во Државниот ансамбл за ора и песни на Албанците, врз основа на извештајот на Секторот за правен надзор и инспекциски надзор во Министерството за култура. Во тој извештај беше наведено дека директорот на Ансамблот Шкодран Толај не го почитувал членот 70-б од Законот за културата и не доставил докази за неоправданите трошоци за 2020 и за 2021 година. Дури и тогашната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска изјави дека против директорот на Државниот ансамбл за албански песни и ора, Шкодран Толај, двапати по ред била констатирана злоупотреба на средства. Алсат неофицијално дознава дека истраги почнале и за минатата година./Алсат.мк