ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски и Ковачевски утре нема да зборуваат за една важна тема

Изборниот законик нема да биде меѓу темите за кои ќе се разговара на утрешната лидерска средба на лидерите Ковачевски и Мицкоски. И од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ велат дека на оваа тема ќе се разговара друг пат.

Работната група за Изборниот законик составена од експерти и претставници на партиите утре повторно ќе се состане за да ја дефинира регулативата за работа и да започне со разгледување на дел од препораките на ОБСЕ-ОДИХР. Но, ВМРО-ДПМНЕ не е дел од неа. Областите каде се судрија партиите се изборниот модел со една единица и отворените листи.

Се чини дека ставовите на мнозинството донекаде се согласуваат, особено откако ДУИ прифати модел со една изборна единица и отворени листи. Партиите сепак не си дадоа рок за спроведување на евентуалното менување на изборниот модел.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button