ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Фракцијата на ДУИ со амандман за замена на терминот 20% во Уставот

Фракцијата на ДУИ ќе предложи амандман во Собранието за замена на терминот 20% во Уставот, со фразата „албански јазик“. Изет Меџити вели дека освен неговите сопартијци од ДУИ и сите други пратеници Албанци ги поддржуваат ваквите измени, па затоа очекува и нивна поддршка. Меџити во емисијата „200“ на Алсат денеска зборуваше и за изборите во огранокот во Чаир, за кои рече дека се прават спротивно на статутот, како и тоа оти се прават напори да се спречат припадниците на фракцијата да можат да се пријават за гласање. Целото интервју можете да го проследите во 22:20 часот на Алсат.

„Ако е проблем за членството на Македонија во Европската Унија, кој е услов за отворање на Уставот, а гледаме дека е проблем да се обезбедат 80 гласови, тогаш кога ќе ги обезбедиме овие гласови во иднина само за да се избрише ‘20%’ и да се замени со ‘албански јазик’, ова понижување за Албанците. Затоа, гледам дека политичкиот спектар, покрај моите сопартијци и Алијанса која е дел од власта, Огнената група, Беса, Алтернатива, значи целиот политички спектар без ДУИ е „за“ уставни измени, со овие измени да се отстрани формулацијата ‘20%’, рече Меџити.

Прашање: Значи, ќе интервенирате со амандман?

„Да, затоа што последниот збор го има Парламентот. Владата може да предложи, но последниот збор за усвојување ќе биде на Парламентот и верувам дека како пратеници ќе најдеме политичка волја, ќе лобираме и кај другите партии да се отстрани ‘20%’“, додаде Меџити.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button