ВЕСТИРЕГИОН

САД и ЕУ бараат нови локални избори во Косово

Смирување на ситуацијата на северот на Косово, одржување нови избори и враќање на дијалогот беа трите барања на пратениците Лајчак и Ескобар до косовските власти. Тие нагласија дека меѓународниот фактор е единствен во овие барања и се надеваат дека ќе властите во Приштина ќе ги послушаат.

„Единствено што можам да кажам е дека дојдов овде како голем поддржувач на Косово. Го сакаме најдоброто за Косово. Сакаме Косово да ги оствари сите свои аспирации. Ние сме најголемиот поддржувач на вашата безбедност, независност, суверенитет и територијален интегритет. Сè што барам е да бидеме сослушани, да се слушне нашето барање“, рече Ескобар.

„Изнесовме предлог во име на меѓународната заедница кој содржи три елементи. Имавме долги, искрени и тешки разговори“, рече Лајчак.

За време на средбата, косовскиот премиер Курти побара од Брисел и Вашингтон да повикаат на прекин на насилството и гонење и казнување на одговорните за него.

„Патот напред е веднаш да запрат нападите на насилните екстремисти и криминални групи против локалните и меѓународни безбедносни агенции и новинари. Само владеењето на правото може да го отвори патот за предвремени, слободни, демократски и фер избори“, рече Курти.

И косовската претседателка Османи им порача на Ескобар и Лајчак дека само казнувањето на криминалните групи може да доведе до долгорочна стабилност.

„Очекуваме институциите за спроведување на законот да ја завршат својата работа во согласност со законот за криминалните групи одговорни за насилството да се соочат со правдата“, рече Османи.

Ескобар и Лајчак се сретнаа и со лидерите на косовската опозиција. Лидерот на Демократската партија, Мемли Красниќи и првиот човек на Демократскиот сојуз Љумир Абдиџику изјавија дека Владата нема план за смирување на ситуацијата на северот и оти на тој начин се загрозуваат односите со меѓународните сојузници. Ескобар и Лајчак се сретнаа и со претставниците на Српската листа.

Шкелзен Аќифи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button