МАКЕДОНИЈА

Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски очекува успешен дуел со претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, што ќе го привлече вниманието на граѓаните и ќе им даде одговори на многу прашања кои не биле во можност да ги слушнат.

– Очекувам да имаме сериозна дебата за иднината на Македонија бидејќи досега 6,5 години, би рекол седум години се навршуваат на 1 јуни од Владата на СДСМ и ДУИ која покажа сè, само не државотворност, сериозност и план за просперитетна иднина на Македонија и граѓаните. Очекувам на тој дуел да презентираме како ја гледаме Македонија во следните децении, барем јас така ќе бидам подготвен и барем јас така ќе настапам. И посакувам успешен дуел кој ќе го привлече вниманието на граѓаните и којшто ќе даде одговор на многу прашања коишто можеби ете граѓаните, не биле можност да ги слушнат, изјави Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button