ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стојанче, Љубе и Павле се приклучија на ВМРО ДПМНЕ

„Твоја Македонија“ е  називот под кој опозициската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи на изборите.

Во седиштето на партијата денеска вкупно 24 партии потпишаа предизборен коалициски договор. Освен традиционаните партнери на ВМРО ДПМНЕ и на Мицкоски му се приклучија и Павле Трајанов од „Демократски сојуз“, Стојанче Ангелов со „Достоинство“, Љубе Бошковски од „Обединети за Македонија“,Солза Грчева со „Глас за Македонија“, Петар Богојески претседател на „Македонски концепт… Не е потврдено дали за новите партнери ќе бидат отстапени места на кандидатските листи за пратеници. Претседателот на ВМРО, Христијан Мицкоски рече дека приоритети на коалицијата се економскиот раст, странските инвестиции и борбата против корупцијата.

„Ценам дека најголемиот дел од нив, коишто ќе бидат дел од следниот пратенички состав, овојпат како убедливо мнозинство ќа покажат како е, не само во опозиција, туку и како мнозинство, обединети, сложни, заедно да поддржат еден реформски процес, со којшто ќе биде трансформирана Македонија, онаква каква што сакаше мојата, вашата, нашата генерација да ја види“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button