ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Службениците во МВР не може да бидат одговорни во аферата со пасошите

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека службениците што фотографираат за пасоши или оние коишто земаат отпечатоци од прст не може да бидат одговорните во аферата со издавањето на пасоши со лажен идентитет. Мицкоски го отвори и прашањето дали спорните пасоши се поништени.

„Зарем некој верува дека службеникот којшто слика или зема отпечаток од прст е тој што се запознал со Јован Вукотиќ или со Седат Пекер или со оној што пере пари за Нандрета или оној Шпанецот што е осуден за трговија со кокаин…Прашајте ги во владата дали ги поништија овие пасоши. Дали во изминатите денови, користејќи ги овие патни исправи уште некој е обезглавен во светот, бидејќи имав закани во текот на минатата недела дека ќе бидам обезглавен“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button