ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 64 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 64 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 703 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информираат од Министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 31 прием.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 14 примени пациенти и 8 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле  биле примени 4 нови болни, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 5 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 71 оздравен пациент.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button