ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: За таков предлог – Нe, благодарам!

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски добиениот француски предлог го оцени како неприфатлив и посочи на повеќе делови неприфатливи за опозициската партија.

„Предлогот кој е на маса и кој владата го криеше, а до кој дојдовме ние преку наши канали, всушност е истиот кој еднаш веќе беше одбиен. Со жалење морам да констатирам дека овој предлог ги содржи сите бугарски барања и во делот на историјата и во делот на јазикот и во делот на идентитетот. Прифаќањето на ваквиот предлог подразбира право на Бугарија да менува учебници и да ги пишува согласно бугарскиот диктат“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button