ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски за уставните експерти: „Луѓе од СДСМ и ДУИ“

„Зарем тие се експерти“ – вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги искоментира имињата на членовите на работната група за уставните измени кои вчера ги соопшти Министерството за правда. Според него, тие се дел од, како што кажа, семејното стебло на СДСМ и ДУИ. Мицкоски очекува кривична одговорност од експертите, бидејќи, како што вели, тие ќе земаат хонорари, а нивната работа ќе биде беспредметна. Тој го повика премиерот Ковачевски да ги поднесе предлозите за уставни измени во Собранието. Од СДСМ вратија дека навредите и омаловажувањата кон правните експерти ја покажува режимската матрица во која, како што обвинија е заглавен Мицкоски.

„Очекувам одговорност, бидејќи кога ќе дојде првиот чекор во Парламентот, а тоа е отпочнување на постапката и утврдување на потребата за отварање на Уставот, нема да успее и тоа е уште една политика на Ковачевски која не успеала“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button