ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

“МЛ-Гари“ Негира незаконски дејства

“МЛ-Гари“ Негира незаконски дејства

Компанијата „МЛ-Гари“, сопственик на фабриката за вода Маја, демантира незаконски дејствија. Во реакција на прилогот на Алсат, се оценува дека се нарушува имиџот на компанијата и брендот Маја и се нанесуваат големи материјални и нематеријални штети.

„МЛ-ГАРИ“ демантира дека зад оваа инвестиција стои политичка партија, конкретни политичари или странски државјани, чиј капитал и имот се предмет на меѓународни истраги. Оттаму посочуваат дека инвестицијата во Маја е целосно приватна, најголем дел е обезбедена со кредити од странство, кои во моментот имале најприфатлива понуда.

Според „Мл Гари“, сите средства од заемот биле исплатени преку деловните банки од Европската унија, со стандардни процедури на верификација и контрола при трансферот на парите. „Ниту финансиските институции на ЕУ, ниту домашните банкарски институции никогаш не алармирале за сомнителни или нелегални трансакции“, нагласуваат од компанијата. Од компанијата инсистираат дека до денеска управителите на фабриката „Маја“ немаат добиено информации дека е предмет на каква било истрага од Финансиската полиција или од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button