ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Реџепи ќе гласа за влезот на Алијанса во Владата

Реџепи ќе гласа за влезот на Алијанса во Владата

Неизвесно е кога ќе се одржи следната средба меѓу преговарачките групи на СДСМ и Алијанса за Албанците за евентуално проширување на мнозинството. Премиерот Димитар Ковачевски потврдува дека засега не е закажана средба ниту со Таравари, ниту со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

Нови информации нема ниту од Алијанса за Албанците, освен веќе објавеното дека програмата е усогласена до 90 отсто и дека преговорите за кадрите ќе продолжат. Алтернатива и понатаму е лута од овој процес, ки одбива толку лесно да ги пушти местата што ги води. Сега независниот пратеник, Скендер Реџепи, изјавува дека партијата на Гаши не успеала да ги постигне програмските цели во Владата.

„Алтернатива имаше можност во текот на овие 13 месеци да ја условува владата детално да ја спроведе владината програма, но за жал тесните интереси на мал клан не дозволија тие програмски точки да се спроведат, затоа тие ќе останат дел од владата и со срам или ќе мора со гордост да си заминат, да докажат дека потфрлија во 1-годишното владеење“, рече Скендер Реџепи, независен пратеник.

Реџепи потврдува дека ќе продолжи да ја извршува функцијата пратеник од мнозинството додека не дојде време да разговара со власта за неговите политички барања. Ќе го поддржи проширувањето на мнозинството иако го смета за чекор за партиски интереси.

„Ако останам дел од мнозинството за кое верувам дека ќе има простор за разговор, ќе го поддржам. Немам ништо против влезот на Алијанса иако причината беше неразбирлива. Истата причина е  како во првиот случај, како и во вториот случај, наводно за Европската Унија, но во суштина не е – затоа што со влезот на Алијанса не се обезбедуваат уставни измени. Ни требаат некаде околу 6-7 пратеници. Тоа се партиски интереси, очигледно, но тоа е нивно право. Така беше и со Алтернатива, за партиски интереси, но со програма за која се надевавме дека ќе се реализира“, додаде тој.

Од ВМРО-ДПМНЕ се надеваат дека одредени пратеници од мнозинството нема да гласаат за новите министри на Алијанса и во тој случај ќе бидат принудени да прифатат предвремени избори./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button