МАКЕДОНИЈА

Младите сакаат образование без непотизам и врски

Една од причините поради која младите ја напуштаат државата е и поквалитетното образование. Насер Велиу, моментално студент во Лондон, е еден од многуте кои заминаа, а има само 19 години. Тој за Алсат изјави дека ја напуштил државата во потрага по подобро образование.

“Постојат две основни причини, првата е затоа што нашата држава не ни обезбедува ефикасно и еднакво образование. Втората причина е уште поважна – затоа што ни се отвораат различни врати на меѓународно ниво доколку студираме во странство“, вели Насер Велиу, студент.

Тој спомена дел од појавите кои го уништуваат образовниот систем.

“Би сакал да го елиминираме непотизмот при вработување во образовните институции, би сакал секој што е вработен во образовна институција да биде вработен по заслуга, а второто нешто што би сакал да го отстранам од тој систем се предрасудите кон луѓе кои имаат различен бекграунд“, додава студентот Велиу.

Ова беа дел од темите на кои се разговараше на дебата на тема Младински политики – потреби, можности и предизвици на која учествуваше и вицепремиерката одговорна за добро владеење Славица Грговска. Таа ја изрази својата загриженост за бројот на млади кои заминуваат.

Невработеноста кај младите во земјава е 30 проценти, ова се споменува како проблематично прашање и во последниот извештај за напредокот од Европската комисија.

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button