ВЕСТИЗДРАВСТВО

Младите со исти компликации од ковид како и старите

Помладите возрасни примени во болница со КОВИД 19 се скоро подеднакво подложни на компликации како и луѓето постари од 50 години, покажа истражување во Британија. За време на третманот, четири од десет лица на возраст меѓу 19 и 49 години развиле проблеми со бубрезите, белите дробови или други органи.

Истражувањето е спроведено на 73.197 возрасни од сите возрасти во 302 британски болници во првиот бран на КОВИД 19 минатата година.

„Пораката е дека ова не е само болест на стари лица и слаби. Податоците го поддржуваат фактот дека КОВИД-19 не е грип и гледаме дека дури и помладите возрасни лица кои доаѓаат во болница страдаат од значителни компликации, од кои некои ќе бараат понатамошно следење и потенцијално понатамошно лекување во иднина, “ соопшти професорот Калум Семпл, кој го водеше истражувањето.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button