ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Многу села во општина Теарце немаат канализација и вода за пиење

Осум села од средниот планински појас и пет планински села од општина Теарце се соочуваат со недостиг на фекална и атмосферска канализација. Поради тоа жителите се принудени да бараат индивидуални решенија со копање на септички јами во дворовите, а со тоа си го загрозуваат здравјето.

„Ова е тоа што можеме да направиме, канализацијата ја пуштаме во јами да не излегува надвор, хигиената е дел од нашата вера, но ете немаме воопшто. Канализацијата остана само на хартија и во пракса ништо не е направено.“

„Јамите се многу штетни за подземните води. Нашиот округ има многу јами, но не треба бидејќи имаме многу бунари. Канализацијата е неопходна, но слабo e со финансиските услови и секој ден има опасност“, реагираат жителите.

Опасноста е уште поголема бидејќи општина Теарце е во третото заштитено подрачје околу изворите на вода кои го снабдуваат скопско Рашче. Ваквиот третман на отпадните води може да ги контаминира и нив. Од општина Теарце креваат раменици. Велат дека има проект, но немаат пари за да го резлизираат.

„Кога зборуваме за проектот на канализација на отпадните води, не е вклучена само примарната мрежа, туку и четири прочистителни станици за отпадни води. Доколку општината успее да ги подели овие проекти на делови со кофинансирање со заедницата, тогаш би можело да има делумна реализација. Ако зборуваме за целосен проект, ако само за едно село требаат над милион евра, немаме буџетски опции. Но, ако го поделиме со ЈП улици и патишта во соработка со граѓаните, може да се направи етапно“, рече Нухи Незири, градоначалник на општина Теарце.

Освен со канализација, жителите на Теарце се соочуваат и со недостиг на вода за пиење.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button