ФУДБАЛ

Модриќ не е загрижен за својата иднина во Мадрид

Хрватскиот интернационалец Лука Модриќ е во последната година од договорот со Реал Мадрид, но не е загрижен за иднината поради неговите добри односи со управата на клубот. Тој објасни во интервју за списанието „FourFourTwo“ дека е многу малку веројатно дека ќе ја следи судбината на Герет Бејл.

– Јас сум премногу стар за да се вратам во Тотенхем. Имам уште една година договор со Реал Мадрид и едвај потоа ќе размислувам што да правам. Ќе разговарам со управата и ќе откриеме која е најдобрата опција за двете страни. Во добри односи сум со сите во клубот и мислам дека нема да имаме проблеми, изјави играчот за врска.

МИА

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button