МАКЕДОНИЈА

„Моќник“ одложен за февруари

Судењето каде еден од обвинетите е пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, никако да започне. Денешното судење се одложи поради тоа што обвинетиот Вецко Здравески судот го пронајде дури денеска. Изминатите рочишта поканите ги праќале на адреса на која тој не живее, а за денешното судење бил повикан телефонски.

Судот му врачи обвинение, но поради тоа што обвинетиот не бил запознаен со содржината, рочиштето беше одложено. Во „Моќник“ се обвинети вкупно 13 лица, вклучувајќи ги и Антонијо Милошоски и татко му. Пратеникот е обвинет дека влијаел за неговиот татко евтино да купи државен имот во Македонски Брод, со што наводно била нанесена штета од околу 50.000 евра. Следното рочиште е закажано за 17 февруари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button