МАКЕДОНИЈА

Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Косово, Ѓерѓ Дедај

Денеска , министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски имаше работна средба со амбасадорот на Република Косово во Република Северна Македонија Н.Е. Ѓерѓ Дедај, соопштија од МВР.

Во соопштението се додава:

На средбата амбасадорот Дедај, се заблагодари за поддршката што Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија ја дава на Амбасадата и на Министерството за внатрешни работи на Република Косово особено на државјаните на Република Косово, посебно за солидарноста изразена опреку различни форми, посебно за хуманитарниот елемент и професионалното однесување на полициските службеници.

Амбасадорот Дедај ја истакна извонредната соработка помеѓу министерствата за внатрешни работи на двете држави која би требало да се продлабочи и интензивира , потврдувајќи ја и во оваа прилика поддршката на Република Косово за Република Северна Македонија во делот на започнување на преговорите со ЕУ со надеж дека процесот ќе се одвива во добра насока и покрај пречките што постојат на патот.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека еден од приоритетите на Владата на Република Северна Македонија, но и на министерството е воспоставување на пријателска соработка со соседните земји и со земјите во регионот. Одличната соработка што двете министерства ја имаат е резултат на веќе потпишаните Договори и протоколи кои уредуваат голем дел од областите на внатрешната безбедност, но дека министерството и во иднина е отворено за продлабочување на соработка во иднина.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button