МАКЕДОНИЈА

Мухамед Зеќири оди во куќен притвор

Апелациониот суд му го укина затворскиот притвор на поранешниот гереален секретар на Владата, Мухамед Зеќири и му го одзема пасошот. Од Апелација за Алсат велат дека притворот на Зеќири му е укинат поради нарушена здравствена состојба. Зеќири денеска ќе биде испуштен од болница по што од затворот во Шутка ќе биде спроведен на домашна адреса каде ќе ја издржува мерката куќен притвор.

За разлика од Апелација, од адвокатскиот тим на Зеќири за Алсат велат дека неговата здравствена причина не е причина за укинување на притворот, туку оти повеќе немало основ да биде притворен. Притворот на Зеќири му беше определен пред два и пол месеци, откако беше осомничен дека ја злоупотребил функцијата со избирање на консултантска фирма без тендер и оти буџетот е оштетен за милион евра.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button