ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МВР до Арсовска: Научете ги ингеренциите што ги имате како градоначалник

Министерството за внатрешни работи реагираше по дописот на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која рече дека ќе бара објаснување од МВР по хаосот предизвикан вчера во сообраќајот.

Од МВР велат дека Арсовска требало да почне со работа и да ги научи своите ингеренции.

„Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, наместо да бара објаснување од МВР и да ги дезинформира граѓаните со произволни статуси на Фејсбук, да почне со работа и кога веќе не знае, да дознае кои се нејзините ингеренции и надлежностите на градските служби што ги насочува. Ја известуваме јавноста дека согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, надлежен орган за управување и контрола на сообраќајот на крстосниците во град Скопје е Град Скопје преку Центарот за управување и контрола на сообраќајот“, се вели меѓу другото, во реакцијата на МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button