ВЕСТИРЕГИОН

Заменик министерот за правда на Косово утре во посета на затворениците од случајот „Куманово“

Заменик министерот за правда на Косово, Блерим Салаху, најави дека утре ќе ги посети затворениците од случајот „Куманово“.

Како што вели, дозвола добил по комуникација помеѓу македонското Министерство за правда и Министерството за надворешни работи на Косово.

„Како министер, имајќи го предвид законот за државјанство, јасно е наведено дека граѓанинот има блиски врски со државата… врз основа на тоа се создаваат обврски. Ние како министерство, во соработка со тамошното Министерство за правда, во четврток ќе ги посетиме затворениците. Ќе ги видиме условите, па ќе преземеме мерки со испраќање писма до тамошната влада за да создадеме подобри услови бидејќи за нас тие се ослободители“, рече Салаху.

„Потполно се согласувам дека овој случај треба да се расчисти, почнувајќи од прашањето како тие момци стигнале таму. Па зошто се случи тоа? Кој го организираше…“, додаде Салаху.

Осум полицајци – припадници на специјалната единица „Тигар“ и 14 осомничени терористи ги загубија животите во крвавата дводневна битка на 9 и 10 мај 2015 година. Десетици беа приведени од полицијата, а ранети беа уште најмалку 40 лица.

Вкупно 33 лица обвинети добија затворски казни во времетраење од 12 години до доживотно, а четворица се ослободени од обвинението. Седуммина се осудени на доживотна затворска казна. Основниот кривичен суд Скопје на уште 13 обвинети им пресуди 40 години затвор, на шестмина по 20 години, на еден обвинет 18 години, на двајца обвинети по 14 години, на двајца по 13 години, и на по 12 години уште двајца од обвинетите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button