ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
МВР ја идентификуваше жртвата на убиството што се случи утрово во Скопје

Полицијата ја идентификуваше жртвата на убиството што се случи утрово во Скопје. Според МВР, се работи за лице со иницијали Е.Б, жител на Скопје. Мотивот за убиството не се открива, додека полицијата работи на пронаоѓање на убиецот и другите лица вклучени во вооружениот инцидент. Неофицијално, се дознава дека мотивот за убиството се нерешени сметки помеѓу жртвата и се уште непознатите сторители, за што сведочи последниот статус на жртвата објавен на неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук.