МАКЕДОНИЈА

МВР: Сто и шеесет сообраќајни прекршоци во Скопје, 76 за брзо возење

На територијата на Град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 76 санкции, шест за возење без возачка дозвола, десет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли. Изречени се три санкции за користење мобилен телефон, 27 санкции за непрописно паркирање и три санкции за минување на црвено светло, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР наведоа дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, додадоа од МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button