ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На 20 јануари учениците се враќаат во клупите?

Комисијата за заразни болести препорача учениците да се вратат во училишните клупи без одложување во второто полугодие. Алсат дознава дека членовите на Комисијата оцениле дека епидемиолошката состојба е мирна и дека децата на училишна возраст не се во опасност од поголемо ширење на вирусот. Од Владата велат дека за оваа препорака на Комисијата ќе се одлучува на следната седница, откако истата ќе ја разгледа и централниот кризен штаб, дознава Алсат.

Експертите проценуваат дека кога и да започне второто полугодие, треба да биде со физичко присутство, додека маската повеќе не треба да биде задолжителна туку доброволна.

Според Панковски, доколку одложувањето би се сметално за разумен потег, би требало да се направи поради студеното време и енергетската криза која не овозможува често проветрување на училиштата.

Со ширењето на Омикрон, земјата регистрира околу 2000 нови позитивни случаи со Ковид19 дневно. Сепак, оваа состојба не создаде гужви во болниците бидејќи Омикрон не предизвикува компликации во долниот респираторен тракт, туку истото го оптоварува примарното здравје, што најдобро ја третира симптоматологијата од последната варијанта.

Вјолца Алити

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button