ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На Богородица за излез од државата се чека до 30 минути

На граничниот премин Богородица за излез од државата се чека од 20 до 30 минути. На останатите гранични премини, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button