ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На територијата на Битола санкционирани 35 возачи под дејство на алкохол

Триесет и пет возачи се санкционирани на територијата на Битола во синоќешната акција на полицијата поради управување на возило под дејство на алкохол.

 –Во текот на изминатата вечер во периодот од 22:00 до 04:00 часот на подрачјето на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 35 возачи. Најголемиот број од санкционираните се на подрачјето на Битола – 12, на подрачјето на Прилеп – девет, по пет на подрачјето на Ресен и Демир Хисар, се наведува во соопштението на МВР.

Министерството нагласува дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и упати апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button