ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово конечно ќе се изгради?

Решен е последниот проблем за да почнат градежните работи за булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово. Општината склучила договор за експропријација со сопствениците на објектот кој треба да се урне. Сопственикот на зградата ги отфрли оправдувањата на претходниот состав на општината за неговиот имот.

„Никогаш не не повикаа. Дури сакавме патот да се направи брзо бидејќи траеше веќе долго. Никогаш не сме ја спречила општината, но сега најдовме решение. Порано, пред четири години, побарав да контактирам со поранешната градоначалничка, но не успеав да стигнам до канцеларијата. Сега се договоривме, но јас никогаш не сум се спротивставил“, вели Али Рушити Сопственик на куќа покрај „Благоја Тоска“.

Работите за „Благоја Тоска“, која се финансира со средства на Тав Македонија, ќе започнат неделава, а се планира да заврши кон крајот на септември. Шефот на општинскиот совет Бесар Дурмиши го обвини претходниот состав на општината за одолговлекување на процедурите.

„Сите договори што требаше да ги направи општината се завршени. Не знам зошто претходното раководство не го обработи до крај прашањето за експропријација и не го испрати предметот во катастар, Министерството за транспорт, подрачната единица за имотни права за да заврши експропријацијата во последните инстанци на државните институции“, рече Бесар Дурмиши, претседател на Советот на општината.

Со експропријација на последните згради завршува првата фаза од познатиот проект „Благоја Тоска“ по повеќе од една деценија. Во меѓувреме, по завршувањето на овој дел, вториот дел од проектот ќе продолжи, сѐ до стариот ректорат на УТ“.

На третата делница од булеварот се работи веќе четири години, но ништо повеќе не е направено освен копање на теренот. Патот кој започна во овој дел, се претвори во депонија.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button