ЗДРАВСТВО

На Токсикологија нема жртви од предизвикот „Парацетамол“ на Тик-ток, вели Таравари

Од новиот Тик-ток предизвик со внесување на големи количини на лекот парацетамол досега нема информации дека на Клиниката за токсикологија има пационети што учествувале во него, вели министерот за здравство Арбен Таравари.

„Досега немаме информации од Клиниката за токсикологија дека некој од пациентите кои кои учествувале во Тик-ток предизвик, млади луѓе кои користат по 5-6 парацетамоли, дека се пријавени на Клиниката за токсикологија. Јас првпат ја слушам оваа информација бидејќи не ни користам Тик-ток“, вели Таравари одговарајќи на новинарски прашања.

Одговорот на Таравари се надоврзува на објава на докторот Нико Беќаровски кој на својот фејсбук-профил апелира за опасниот предизвик меѓу младите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button