ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На улица се враќаат приватните автобуси – крнтии ?!

Владата децидна. Нема да ги субвенционира автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје и приватните превозници кои имаат околу 55 автобуси кои работат на метан, што се смета за еколошки гас. Во одговор за Алсат велат дека ЈСП и јавниот превоз во Скопје се во целосна надлежност на Град Скопје.

„Сите барања на превозниците треба да се упатат пред сè до властите на Град Скопје кои навремено и одговорно треба да обезбедат мерки за надминување на состојбите.“

Од Град Скопје беа недостапни за кажат дали имаат предвидено некакви мерки за помош. Од ЈСП Скопје кое располагаат со 33 автобуси со метан, велат дека сè уште не добиле официјален одговор ниту од Владата, ниту од Градот, но додаваат дека и покрај одлуките на градската власт ќе се соочат со ситуацијата.

„Во меѓувреме функционираме како и досега. Не планираме да ги повлечеме возилата МАН со оглед на тоа што еколошкиот момент е поважен од финансискиот. Нема да ги поскапиме билетите, а во моментов не е предвидена мерка за возен ред.“

Приватните превозници од „Слобода превоз“ кои имаат 13 автобуси на метан велат дека плаќаат даноци за екологија, па треба да добијат помош од Владата.

Од приватниот превозник „Макекспрес транс“ велат дека имаат 8 автобуси на метан, но додаваат дека имаат доволно други возила за да ги одржуваат линиите.

„Решението е Владата и локалната самоуправа да ги субвенционираат трошоците за возилата со метан за да се намали загадувањето во градот.“

ЈСП Скопје и приватните превозници и формално побараа Град Скопје и Владата да ги субвенционираат со 50 отсто за трошоците за нивните автобуси на метан. На почетокот на годинава метанот поскапе за 130 отсто. На 28 декември се продаваше за 50 денари за литар, а сега е 110 денари.

Mefail ISmaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button