ЗДРАВСТВО

Набавка на медицинска опрема преку донации

Се наздрави за уште една хуманитарна помош. Политичките и здравствените власти промовираа уште една донација, овој пат во вредност од 1,2 милиони евра од италијанската амбасада за две нови магнетни резонанци во Државната болница 8 Септември. Новата опрема треба да го намали чекањето за снимање на магнетна резонца но за други апарати се чека со месеци.

Advertisements

За мамографија нема слободен термин во следните три месеци. Од Министерството за здравство велат дека во новата година 12 здравствени установи низ државата ќе добијат нова опрема.

„Од јануари пациентите од другите градови нема да мора да доаѓаат на снимање во Скопје, чекаме реализација на договорот за поставување на современа опрема во најмалку 12 јавни здравствени установи, за мамографија, дигитални рендген апарати, до ангиограми и компјутерска томографија“, наведуваат од Министерството за здравство.

Во болницата „8 Септември“ магнетната резонанца е расипана со месеци и пациентите биле принудени да чекаат или да одат во приватни болници. Минатата година во оваа болница биле направени само 7.000 снимања.

Властите велат дека нема да се повтори праксата опремата да стои во магацини со години туку веднаш ќе се користи.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button