ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Над 1.300 здравствени работници вакцинирани од почетокот на имунизацијата

На седмиот ден од вакцинацијата, бројот на здравствени работници кои ја примиле првата доза на вакцини „Фајзер“ достигна 1.300 лица. Денеска се вакцинира медицинскиот персонал на Клиниката за траума и ортопедија. Меѓу нив беше и заменик министерот за здравство Илир Хасани. Тој го повика медицинскиот персонал доброволно да се вакцинира, давајќи им пример на граѓаните. Хасани рече дека картичката за вакцинација во иднина ќе служи како официјален документ, доколку е потребно за патувања во странство.

„Картичката за вакцинација е официјален документ, кој во иднина ќе послужи како доказ дека сме ја примиле вакцинацината. За следните моменти каде што ќе се користат картичките за вакцинација или пасошот, навистина не можам да дадам одговор бидејќи сè се одвива со брзо темпо“, изјави Хасани.

Според списокот за имунизација, денеска во Скопје се вакцинирани лекарите од Тетово, Велес, Гостивар и Прилеп. Медицинскиот персонал е обучен само за вакцините од САД „Фајзер“, лекарите сега велат дека ќе мора да поминат дополнителна обука за кинеските вакцини „Синофарм“.

Министерството за здравство тврди дека за една недела контингентот од 200 илјади дози ќе дојде од Пекинг. Сепак, тие сè уште немаат јасни информации кога ќе пристигнат 100.000 руски дози на Спутник V. Во март, се очекува да пристигнат уште 20% од вакцините нарачани преку системот Ковакс, што според најавите ќе биде од типот Астра&Зенека. Досега потрошени се 1/3 од дозите на вакцините Фајзер донирани од Србија. Министерството за здравство вели дека истата бројка е резервирана за медицинскиот персонал и ќе пристигне во текот на неделата.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button