ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Британската мутација го зголеми бројот на хоспитализации во земјава, вели Филипче

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, вели дека зголемениот број на заразени лица со Ковид 19, последниве неколку дена се должи на присуството на „британскиот сој“ на вирусот, за кој е карактеристично тоа што многу брзо се шири. Анализите на МАНУ ќе бидат објавени во наредните денови, а од приватната клиника Жан Митрев посочуваат дека според нивните анализи, кај 70% од пациентите е детектиран „британски сој“. Филипче вели дека во некои градови во државата зголемен е бројот на хоспитализации по болниците, но не до тој степен болничките капацитети да се загрозени.
-Во дел од болниците ширум државата конкретно Кавадарци, Прилеп и Охрид,зголемен е бројот на хоспитализации, но има доволен слободен болнички капацитет. Во Скопје слободни болнички кревети има и на Инфективната клиника, без модуларната болница, значајно ослободен болнички простор има и на Интерните клиники, коишто сега нормално функционираат. Во кој било момент подготвени сме сите овие капацитети да се вратат во оној претходен режим на работа кога сите лекари и сестри ротираа и сите интерни одделенија беа наменети за третман на пациенти заболени од ковид. Во секојдневна комуникација сум со директорите на сите тие Клиники, тие се свесни знаат и очекуваат – рече Филипче.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button