МАКЕДОНИЈА

Над 231 илјада граѓани примиле вакцина, со две дози се имунизирани речиси 60 илјади

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, досега 427 535 граѓани  изразиле желба преку веб-платформата vakcinacija.mk.

Министерството за здравство соопшти дека на вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 231 014 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 11 598 граѓани, а прва доза примиле 2504.

– Во државата вкупно се аплицирани 290 829 дози вакцини, а ревакцинирани се 59 815 граѓани. Со последните бројки, 47 проценти од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41 отсто од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина, информира Министерството за здравство, кое апелира граѓаните да се пријавуваат на vakcinacija.mk како најлесен и најбрз пат да се вакцинираат.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб-страницата vakcinacija.mk, како и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата – во А1 Арена СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје и во спортски сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button