СПОРТ

Со еден клик обложување за Македонија на еуро 2020 – на 2win.mk

На неколку дена до почетокот на Еуро 2020 фудбалската треска станува сè посилна, а со Видеолотарија Касинос Австрија, забавата може да биде и уште поголема. Веќе е достапна нашата понуда за типување на повеќе категории за Европското првенство, како на пример кој ќе биде шампион, кои две екипи ќе бидат финалисти, кој ќе стигне до четвртфиналето итн.

Најголем фаворит за шампион е актуелниот светски првак Франција и секој што ќе типува на неа, во моментов, има коефициент 4,25. Веднаш до неа се Англија со коефициент 6 и Белгија со 7, а четврти најголем фаворит е репрезентацијата на Германија, која ѝ се поклони на Македонија пред два месеца во Дуизбург.

Она што е уште поинтересно за нашите фанови е што може да се типува и за македонската репрезентација во повеќе категории. Ако некој смета дека нашата репрезентација ќе биде победник во групата со Австрија, Украина и со Холандија, за тоа добива коефициент 25, а за второ место на Македонија, зад првопласирана Холандија коефициентот е 7 во моментов. За најхрабрите и најголеми оптимисти, Македонија има коефициент 150 за да стигне до финалето, а кога би станала шампион би била едно од најголемите три изненадувања, покрај Унгарија и Финска, со коефициент 500.

Сите коефициенти ви се достапни со само неколку клика, на 2win.mk, во секцијата спорт, каде што можете и да следите дали и како тие би се движеле до почетокот на Еуро 2020, на 11 јуни. Таму се наоѓа и комплетната наша понуда како за Европското првенство во фудбал, така и за останатите спортски настани актуелни во овој период. Играјте одговорно и играјте за забава!

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button