СПОРТ

Надал се поблиску до пензија, се повлече и од Индијан Велс

Рафаел Надал е се поблиску до заминување во пензија откако шпанскиот тенисер рано утрово објави дека нема да биде во можност да се натпреварува на Мастерс-турнирот во Индијан Велс.

Тој веќе подолго време се мачи со најразлични повреди, но се надеваше дека ќе успее целосно здрав да го дочека турнирот во Индијан Велс.

Во САД допатува во ист авион со Новак Ѓоковиќ со што само се крена еуфоријата меѓу тениските фанови, но утрово стигна ладен туш за сите. Надал преку писмо на социјалните мрежи објави дека нема да може да игра на еден од своите омилени турнири во САД.

„Со голема тага морам да се повлечам од овој неверојатен турнир во Индијан Велс. Сите знаат колку го сакам ова место,колку сакам да играм овде, тоа беше една од причините поради кои толку рано дојдов овде во пустината, да тренирам и да се подготвам. Работев напорно, ги тестирав сопствените можности, но не се чувствувам подготвен да играм на највисоко ниво на еден вака сериозен турнир. Не е лесна одлуката, но не можам да се залажувам ниту себе ниту илјадници фанови кои ќе дојдат на трибините“, објави Надал.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button