СПОРТФОРМУЛА - 1

Саинц: Имаме добар болид, конечно можеме да напаѓаме

Карлос Саинц на стартот на Формула 1 сезоната заврши на третото место во Бахреин. Шпанецот покажа добро тркачко темпо за кое вели дека му се допаднало. Според неговите зборови, болидот сега делува многу подобро од ланскиот, бидејќи тој и неговиот колега Леклер имаат можност да се тркаат повеќе и да напаѓаат наместо да менаџираат.

„Олеснување е бидејќи последен пат кога напаѓав беше во Австрија лани, а оттогаш поминаа 13-14 трки. Останатите трки минатата сезона минаа во знакот на менаџирањето. Нонстоп моравме да внимаваме, да гледаме во ретровизори, да контролираме темпо и малку шанси имавме да тргнеме да претекнуваме возачи. Едноставно во секој момент кога ќе дојдевме во „валкан воздух“, патевме.

 

Сакам да се тркам и сакам да претекнувам, да бидам агресивен и да напаѓам. Со минатогодишниот болид едноставно тоа беше невозможно. Се сеќавам дека на претставувањето на болидот кажав дека би сакал да имам шанса да се тркам и напаѓам, не размислувајќи премногу за гумите. Имав напаѓачка трка во Бахреин, навистина добро темпо и уживав“, изјави Саинц.

Ова ќе биде последна сезона за Саинц во Ферари, кој заминува за да ослободи место за Луис Хамилтон. Поради тоа нема сомнеж дека шпанецот ќе вози за себе, да му покаже на тимот дека погрешил и да се „продаде“ во нов тим.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button