СПОРТФУДБАЛ

Нагелсман ќе го продолжи договорот, но со посебни услови

Јулијан Нагелсман ќе ја води репрезентацијата на Германија на претстојното Европско првенство на кое ќе бидат домаќини. Јавноста во оваа земја чека успех веќе една деценија, па притисокот е огромен, особено сега бидејќи се и организатори.

По преземањето на репрезентацијата, Нагелсман ја доби довербата на челниците на германскиот фудбалски сојуз. Веќе се размислува за продолжување на неговиот договор кој е важечки до 31 јули, односно по завршувањето на континенталниот собир.

Сепак, за да добие продолжување на соработката постои еден услов. Германија на Нагелсман не смее да отпадне во групната фаза на Европското првенство. Поточно, селекторот ќе добие нов договор набргу, меѓутоа ќе има клаузула според која сојузот може да го отпушти при такво сценарио.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button