МАКЕДОНИЈА

Најдоцна до вторник може да се изгласа потребата од промена на законот за заштита од заразни болести

Доколку има усогласување на ставовите околу измените на законот за заштита на населението од заразни болести оваа точка ќе биде на дневен ред на пленарна седница  во вторник. Ова го потврди претседателот на парламентот Талат Џафери.

Advertisements

Во меѓувреме,  продолжија несогласувањата .Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека законот не содржи никакви конкретни мерки и нема да гласа „За“.

За СДСМ, ова несериозно однесување на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е штетно за здравјето на граѓаните.

Измените на Законот за заштита на населението од заразни болести предвидуваат регулирање на надлежностите на институциите и санкционирање на прекршителите на мерките за заштита. Како мерка за спречување на ширењето на вирусот, Владата предлага носење маски на отворено, ограничување на собири на јавни места и ограничување на семејни собири.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button