МАКЕДОНИЈА

Најстудено и најмногу снег во Битола

Со 13 степени целзиусови под нулата и со 28 сантиметри снежна покривка, утрово Битола е најстуден и град со највисока снежна покривка.

Снегот, кој ноќеска паѓаше на сообраќајниците, го чистеа и отстрануваа екипи на јавното комунално претпријатие „Нискоградба”.

-Во функција се сите ресурси, човечки и материјални. Улиците од прв приоритет се чисти, а да не пречеја бројните паркирани возила, опфатот на чистење и отстранување снег ќе беше уште поголем. Мобилни сме и продолжуваме со работните задачи согласно програмата за одржување улици и мостови во зимски услови, информираа од ЈКП „Нискоградба“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button