ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Наместо дозвола да учат во Брњарци, учениците Албанци имаат понуда за превоз до Арачиново

Децата од село Брњарци во Општина Гази Баба сè уште го бојкотираат почетокот на учебната година. Иако локалните власти ветија дека ќе обезбедат превоз за околу 60 деца, досега ниту тоа не се исполни. Во неможност да посетуваат настава во нивното село, учениците од прво до деветто одделение треба да одат на часови во училиштата во Арачиново, пешачејќи над 3 километри. И премиерот Заев веќе неколку пати тврдеше дека ќе се залага да се реши проблемот, но не спомена никакви рокови.

Од родителскиот совет инсистираат нивните деца да посетуваат настава во селското училиште. Според нив, транспортот може да биде прифатлива опција само како привремено решение.

„За нас, најпосакувано решение беше училиштето да биде отворено овде, тука е поблиску. Но, на крајот на краиштата, ќе го прифатиме и ова зашто децата останаа без настава. И минатата година загубија многу поради пандемијата, сега оваа година бојкотираме. Значи, нашите деца две години губат настава.“

До решавање на проблемот, децата од Брњарци импровизираат училница на отворено. Петтоодделенците ја играат улогата на наставници за најмалите да ги научат буквите и броевите. Во подрачното училиште „Крсте Мисирков“ во Брњарци, во паралелките на македонски јазик учат малку деца, но по завршувањето на нивната настава, училиштето се затвора.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button